Јувентус сепак ќе има и српски шарм – Влаховиќ не доаѓа, затоа тука е Митро-гол

Јувентус ќе се засили со Александар Митровиќ, стрелецот на клучниот гол за пласманот на Србија на Мундијалот во Катар.

Според најавите од Италија, Старата дама сака да го купи популарниот Митро-гол, кој е во страшна форма и постигна дури 22 погодоци во Чемшпионшип лигата за Фулам на 23 меча.

За Митровиќ, Фулам ќе бара отштета од околу 40 милиони евра, што е прифатливо за Јувентус.

Александар беше стрелец на клучниот гол за репрезентацијата на Србија против Португалија во Лисабон, за победа од 2:1 и директен пласман на Мундијалот во Катар.

Јувентус долг период се обидува да го ангажира Душан Влаховиќ, соиграчот на Митровиќ од српската репрезентацијата, но за него отштетата е двојно повисока, па за црно-белите поприфатлива варијанта е да го ангажираат напаѓачот на Фулам.

- Оглас -

Најнови вести