Со ваков состав Старата дама тешко дека ќе може да ја победи Рома

Јувентус си ја заврши мисијата за оваа сезона, откако стигна до деветата титула во низа. Откако Старата дама го обезбеди трофејот, играчите на Јувентус како да се релаксираа, па загубија од Калјари. Вечерва Јувентус на свој терен во Торино ќе игра дерби против Рома, а се очекува домашните повторно да бидат релаксирани.

Според најавите од пред неколку дена, тренерот Маурисио Сари ќе игра со комбиниран состав, без неколку стандардни првотимци. Првата ѕвезда Кристијано Роналдо ќе одмора, а мечот од разни причини ќе го пропуштат и Пауло Дибала, Миралем Пјаниќ, Матејс де Лихт, Даглас Коста, Де Шиљо…

Можно е уште некој од стартерите кај Јувентус да одмораат, што значи дека Рома ќе има одлична шанса да се обиде да стигне до победа. Цели девет години Римската волчица не се израдувала на стадионот на Јувентус, а последен пат тоа било во меч од Купот на Италија (победа 2:0 во јануари 2011 година).

Јувентус сезонава на свој терен има 16 победи и само две нерешени без пораз и сигурно ќе сакаат да заврат без неуспех во Торино. Рома е третиот најдобар тим на гости со 10 победи во 18 средби. Сепак, дилема е дали и Римската волчица ќе излезе со најсилен состав на дуелот во Торино.

Според најавите Јувентус против Рома може да излезе во следниот состав (4-3-3 формација): Счешни, Квадрадо, Ругани, Демирел, Данило; Мураторе, Бентакур, Рабиот; Занимачија, Игуаин, Бернардески.

 

- Оглас -

Најнови вести