15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Јувентус успеа да го доведе големиот бразилски талент

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус се договори за Сантош за трансфер на младиот напаѓач Кајо Жорге. Според италијанските медиуми, Старата дама веќе потпишала преддоговор со 19-годишниот талент, кој ќе успее да го доведе во јануари 2022 година.

Сантош се согласил за трансфер, а како оштета ќе добие само 1,5 милиони евра. Дополнителни 1,5 милиони евра ќе добие бразилскиот тим ако Јувентус успее да се пласира во Лигата на шампиони за следната сезона, а еден милион може да добие во вид на евентуални бонуси во зависност од играта и резултатите на тимот. Сантош ќе добие и 5 отсто од парите од следниот трансфер на Жорге.

Бразилецот со Јувентус ќе потпише договор до 2026 година, а во следните неколку дена треба да пристигне во Торино за да ги помине лекарските прегледи.

- Оглас -

Најнови вести