3.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Јувентус води и верува во чудо, Реал игра 1:1 во Мадрид, Монако го стресе ПСЖ (Видео)

Јувентус минимално со 1:0 води против Галатасарај во Торино по првото полувреме во реванш мечот од плејофот за пласман во осминафиналето на Лига на шампиони. Италијанскиот гигант вечерва има предност, но севкупно е во заостанување затоа што Галатасарај на првата средба победи со 5:2. Тоа значи дека на Јувентус му требаат уште најмалку два гола за да се надева дека ќе остане во елитното друштво.

Голот за водство од 1:0 го постигна Локатели од пенал во 37 минута и тоа може да го видите ТУКА.

Во Мадрид е највозбудливо, каде Реал и Бенфика играат 1:1 по првите 45 минути. Овој резултат им одговара на мадриѓани кои славеа со 1:0 на првата средба во Лисабон.

Гостите од Португалија први дадоа гол и тоа преку Рафа Силва во 14 минута и овој погодок може да го видите ТУКА.

Сепак, многу кратко траеше радоста на гостите. Реал израмни преку Чуамени во 16 минута по одличната асистенција на Валверде. Погодокот на Реал може да го видите ТУКА.

Возбудливо е во Париз, каде Монако изненадувачки води со 1:0 против Пари Сен Жермен и тоа со голот на Аклиуш во 45 минута и тој гол може да го видите ТУКА. 

Местото во осминафиналето вечерва го обезбеди Аталанта, која во „луд“ меч со 4:1 ја победи Борусија Дортмунд и тоа беше доволно за италијанскиот тим да остане во елитното европско друштво.

- Оглас -

Најнови вести