15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Јувентус загуби па трката за место во Лигата на шампиони полека станува пуста желба

Јувентус полека го губи чекорот во трката за освојување на позиција која води во Лигата на шампиони за следната сезона, откако загуби на гостувањето кај Сасуоло со 1:0. По овој кикс, Старата дама остана со 44 бодови од 30 кола и има дури девет бодови помалку од Милан кој е на посакуваната четврта позиција, последна која носи место во елитното европско друштво за следната сезона.

Грегори Дефрел е херојот на Сасуоло постигнувајќи го погодокот за победа против Јувентус. Дефрел погоди во 64 минута и тоа беше јубилеен 50-ти погодок за него во Серија А. Тој е само четвртиот француски фудбалер кој стигнал до бројката од 50 голови во италијанското првенство.

Меѓу Французите голгетер рекордер е Давид Трезеге со 123 погодоци, додека легендарниот Мишел Платини има 68 голови.

- Оглас -

Најнови вести