Јужниот сосед пресилен за нашите одбојкарки, Македонија со втор пораз во квалификациите за ЕП

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2026-тата, откако вечерва загубија од Грција со 3-0 на гостински терен.

Домашниот состав беше поквалитетен во текот на целиот натпревар, а победникот го најавија уште во првиот сет кој го добија со 25-8. Во вториот сет нашите одбојкарки се што успеаја да направат беше да дојдат до двоцифрен број на поени, 14, односно 11, што не беше доволно за позитивен резултат од овој натпревар.

После поразите од Австрија и Грција, репрезентацијата на Македонија останува на последното место во квалификациската група без бодови и со минимални шанси за пласман на Европското првенство. Квалификациите продолжуваат следното лето, кога на домашен терен ќе ја пречекаме Грција, а ќе ѝ гостуваме на Австрија.

- Оглас -

Најнови вести