Младиот шпански атлетичар Марио Паленција е дисквалификуван поради неспортскиот потег кој го направи во финишот на една трка на државното првенство за тркачи до 20 години.
Првенството се одржа во Саламанка, а гледачите освен што ги следеа младите талентирани атлетичари, беа сведоци и на еден многу неспортски потег. Гилермо Санчес без многу проблеми славеше на трката на 1.500 метри, и тоа со импресивно време од 3:54,55 минути. Сепак, во финишот на трката се случи драма.
Даниел Лопес беше на второто место на трката, а зад него беше Паленција. Во еден момент делуваше дека Лопес иако второпласиран, влезе во патеката на движеше на Паленција.
Лопес остана да лежи на патеката, а Паленција, очигледно лут, му дофрли уште нешто без воопшто да му подаде рака. По овој потег, Паленција веднаш беше дисквалификуван.