Кадис е најчудната екипа во Ла Лига, губи и освојува бодови во последни секунди

Кадис е една од најнепредвидливите екипи во Ла Лига сезонава и губи и освојува бодови во последните секунди од натпреварите.

Во минатото коло прокоцкаа чиста победа против Вилјареал со гол примен во 95. минута, а денеска им се врати со постигнат погодок за реми против Мајорка во 93. минута

Интересно е дека досега во 12 кола Кадис не губи само од фаворитите, а загуби многу бодови против таканаречените помали клубови.

Мајорка поведе со голот на Идрису Баба во 29. минута, но за да не ги однесе бодовите од „Мирандилја“ се погрижи Негредо со гол за 1:1 од пенал во последните моменти од мечот.

Кадис сезонава не загуби од Вилјареал, но и од Барселона и од Валенсија, два гиганти на шпанскиот фудбал. Сепак имаат дури пет порази од останатите екипи и само една победа досега во 12 кола.

Со 9 бода сега се на една позиција над зоната за испаѓање, само пред Гранада со 8, Леванте со шест и Хетафе, кој е последен со пет бода.

Мајорка е на 12. место со 14 бода, колку што има и Еспањол, но со подбра гол-разлика од нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести