Кадис не му се израдува на првиот пенал сезонава, ВАР застана на страна на Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид сигурно чекори кон титула, по 52 минути води со 3-1 против Кадис, со два мајсторски гола на Луис Суарес кој погоди од слободен удар и на Саул кој имаше и среќа кога го даде убавиот гол, а Суарес во второто полувреме даде гол и од пенал.

Во првото полувреме во Кадис имаше и еден спорен момент, кога судијата досуди пенал за домашните, но потоа по прегледување на снимка ја поништи одлуката.

Коке топката го удри во рака, но раката на капитенот на Јорганџиите беше цврсто потпрена за земјата и веројатно затоа судијата Хил Мансано не им додели пенал на домашните. Кадис е единствен тим во Ла Лига за кој не е досуден ниту еден пенал сезонава.

На Кадис не му се пишува добро, бидејќи кога Саул дава гол, Атлетико никогаш не загубил на тие 47 меча, а и негативата од два гола е тешко достижна против една од најдобрите одбрани на светот.

Погледнете го голот на Суарес, негов прв од слободен удар од август 2016 наваму:

https://www.youtube.com/watch?v=r3JrjBjIX2c

- Оглас -

Најнови вести