Кадис победи во најконтроверзниот меч во Ла Лига, Дијакаби ги молеше соиграчите да играат

Кадис ја победи Валенсија со 2:1 во најконтроверзниот меч што се одиграл во Ла Лига во овој милениум, а малку фалеше воопшто да не се доиграат околу 60 минути.

Во 30. минута се случи голем инцидент, откако Кала кој е дефанзивец кај Кадис влезе во вербален конфликт со Муктар Дијакаби од Валенсија.

Францускиот интернационалец видно изнервиран го бракаше Кала по терен за да се пресмета и физички со него, но за среќа играчите на теренот спречија поголем инцидент.

Дијакаби се пожали дека бил навредуван на расна основа, а соиграчите во знак на поддршка го напуштија теренот. Мечот потоа продолжи, а шпанските медиуми откриват дека Дијакаби ги молел соиграчите да се вратат на терен.

Прекинот траеше неколку минути и при резултат 1:1 продолжи, а Кадис успеа да победи со голот на Маркос Мауро во 88. минута.

- Оглас -

Најнови вести