Каиседо добива нов договор и поголема плата во Челзи

Фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо, дефанзивен играч за врска кој уште во Брајтон се докажа како еден од најдобрите на својата позиција во најсилната лига во светот, ќе го продолжи договорот со лондонскиот клуб.

Првично неговиот договор важеше до 2031 година, но благодарение на својата посветеност, заслужи нов договор и зголемување на платата.

Еквадорецот, кој го собори трансфер-рекордот меѓу премиерлигашките клубови во тој момент, а подоцна Исак го надмина тој рекорд, ќе потпише договор до 2033 година.

Оваа сезона одигра дури 42 натпревари и е еден од најстандардните фудбалери во Челзи во последната деценија бидејќи ретко кога е надвор од стартниот тим.

Каиседо досега заработуваше 150.000 фунти неделно, а сега таа сума ќе биде значително повисока.

- Оглас -

Најнови вести