Како беше постигнат голот на столетието? Сон претрча 83 метри за 11 секунди, а осуммина играчи не го сопреа (Видео)

Иако поминаа неколку дена од погодокот на Сон Хеунг-мин во дуелот против Барнли, реакциите не стивнуваат. Многумина го нарекоа гол на столетието во англиското првенство бидејќи никогаш претходно не е видена таква мајсторија.

Сон ја освои топката буквално пред својот шеснаесетник и тргна во контра напад. Не му ја подаде никому, ниту еден од противничките играчи не успеа да го сопре и на крајот успеа да ја смести топката во мрежата.

„Го видов Деле Али како трча лево од мене, а покрај него имаше повеќе играчи на Барнли. Сакав да му ја подадам топката на Али, но тогаш еден противнички играч го маркираше и решив сам да тргнам во напад. Тргнав во спринт и само по неколку секунди се најдов пред нивниот гол. Многу сум горд и среќен за погодокот“, рече Сон.

По направените анализи и пресметки, Сон успеал да претрча 83 метри за 11,6 секунди. Во тој период дури осуммина играчи на Барнли, вклучувајќи го и голманот, не успеаја да го сопрат, па на крајот Сон даде перфектен погодок.

- Оглас -

Најнови вести