Како да освоите бесплатни билети за Македонија – Словенија?

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со своите партнери и спортски пријатели утре од 11:00 часот пред фонтаната во Градски парк организира спортско-забавен ден за сите љубители на спортот и фудбалот.

На саботното заедничко дружење ќе бидат организирани низа активности и наградни предизвици поддржани од партнерите на ФФМ. Секој посетител ќе може да си ја проба среќата на „Тркалото на среќата“, потоа да освои вредни награди во „Трката со вода“, да шутира пенали или да се натпреварува во жонглирање.

Овој настан на Фудбалската федерација на Македонија е поттик за сите поддржувачи на македонската репрезентација да бидат поддршка на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија кој се игра в четврток, 10 октомври, на Националната арена „Тодор Проески“. Влезниците се во продажба од 50 до 200 денари преку https://mktickets.mk/en/event-en/mkdslo/, на посебен пулт во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести