Како договорени – Две големи НБА ѕвезди на меч со три осмици ја минаа границата од 24 илјади поени (Видео)

Неверојатен податок извадија педантните аналитичари во НБА-лигата, според кој на ист начин две големи НБА-ѕвезди ја минаа границата од 24 илјади поени во најсилната кошаркарска лига на светот.

Ноќеска во својот 888 меч, Кевин Дурант успеа да ја прескокне котата 24.000, а на ист меч, односно во 888-миот настап пред него и Ален Ајверсон го има направено тоа.

https://twitter.com/TheAthletic/status/1452798847881605120?s=20

Кевин Дурант сè уште е активен и сигурно ќе има време да постигнува уште многу кошеви, а ноќеска со 25 поени го предводеше Бруклин нетс до победа од 104:90 против Вашингтон визардс и патем ја мина и границата од 24.000 поени.

Ајверсон одамна не игра, но тој беше еден од најатрактивните кошаркари во периодот додека играше во НБА-лигата и еден од најомилените ликови на бројната армија која ја следи најдобрата кошаркарска лига на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести