Како е кога Мекдоналд ќе се прекрсти во Бургер Кинг

Една од најбизарните приказни за изминатата недела во светскиот фудбал се случи во Костарика на мечот Алаџуенсе и Саприсе. Мечот заврши 2:2, но ниту еден гол не беше потег за кој вредеше да се зборува. Највпечатливиот момент беше кога на 18 минути до крајот, во игра влезе Џонатан Мекдоланд.

Фудбалерот кој го носи презимето на најголемиот и најпознат ланец за сендвичи во светот реши да го смени своето презиме во Бургер Кинг. Самиот играч призна дека тоа го направил поради реклама на „Бургер Кинг“. Во поголемиот дел од земјите не е дозволено фудбалерите да ставаат други презимиња од тие кои им се во личните документи, но за овој случај во Костарика беше направена остапка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести