Како едвај да чекаше пораз на Нераѕурите: Ванда „ги поздрави“ навивачите на Интер

Милан по речиси пет години го победи Интер во градското дерби во Серија А, а главна ѕвезда беше Златан Ибрахимовиќ. Ветеранот даде два гола во првите 15 минути и тоа на крајот се покажа како доволно за триумф на Росонерите од 2:1.

Поразот на Интер како едвај да го дочека Ванда Нара, сопругата на Мауро Икарди и негов фудбалски агент. Пред да дојде во ПСЖ, Икарди беше капитен на Интер, но заминувањето од Милано беше на неубав начин. Икарди прво беше позајмен во францускиот тим, а потоа ПСЖ го откупи неговиот договор.

По победата на Милан во дербито, Ванда реши да ги „поздрави“ интерашите со порака на својот Инстаграм профил.

„Без љубов нема дерби. Честитки до моите пријатели во Милан“, гласеше пораката на Ванда Нара пропратена со фотографија од нејзе и Икарди како се гушкаат за време на едно градско дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести