Докажаниот германски тренер Јирген Клоп веќе неколку месеци е на нова позиција во Ред бул, под чија капа се неколку фудбалски клубови. Германскиот бундеслигаш Лајпциг е најзвучниот клуб со којшто соработува Ред Бул.
Според најавите од германските медиуми, Лајпциг ќе потпише повеќегодишен договор со Чави Симонс. Фудбалерот кој е позајмен од тимот на Пари Сен Жермен ќе стане играч на Лајпциг откако германскиот тим се согласил да му плати 50 милиони евра на ПСЖ. Договорот ќе бие потпишан до јуни 2027 година.
Доколку се исполнат сите услови, трансферот со дополнителните бонуси може да достигне сума и од 80 милиони евра.
Холандскиот репрезентативец веќе втора сезона е дел од Лајпциг, и тоа како позајмен играч. Вкупно има одиграно 60 меча, во кои постигна 15 гола.