
Натпреварот помеѓу ракометните национални тимови на Македонија и на Романија, кој ќе го одлучи дали ќе влеземе во главната рунда на ЕП или се враќаме дома, ќе го судат словенечките судии Бојан Лах и Давид Сок.
И на претходниот меч ни судеа арбитри од поранешна Југославија, но имаше и многу забелешки за арбитражата на Босанците и мислењата беа поделени околу тоа како делеа правда. Словенците Лах и Сок важат за едни од најдобрите во Европа и не би си дозволиле пристрасност во полза на Романија.
Вечерва ќе има работа и за македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, тие ќе го судат дерби-мечот Унгарија – Исланд.

