Како ќе изгледа фудбалот? Без гушкање по гол, играчите со маски, без ВАР, без публика…

По паузата поради корона-вирусот, фудбалот ќе биде многу изменет, се планира воведување строги правила кои ќе спречат евентуално ширење на заразата.

Германија планира на 9 мај да почне со мечеви. Има идеја од епидемиолозите да се игра со маски, фудбалерите и судиите да ги менуваат маските на секои 15 минути. Ако на некому му падне маската, мечот ќе се прекине на кратко, исто како кога факли влетуваат на терен.

Хигиенските мерки ќе бидат високи, но не се знае како ќе се применат. Играчите и судиите ќе добијат препораки да не се поздравуваат пред натпревар, се препорачува да нема масовно гушкање по постигнат гол. Значи, кога соиграчот ќе постигне гол, само кревате палец и продолжувате понатаму. Не треба да има ниту плукање или секнење нос на терен, навики кои и онака беа одвратни.

Најголема мешаница на играчи на мал простор има при корнери и засега не се знае како ќе се решава тоа. По мечевите, фудбалерите нема да се тушираат во соблекувална, туку ќе треба веднаш да заминат дома.

Добивка ќе имаат и судиите, играчите нема да може да им се внесуваат во лице ако се бунат за некоја одлука, туку тоа ќе треба да го прават барем од два метра растојание.

Секако, сите присутни (играчите, судиите, тренерите, службените лица, новинари, сниматели, итн) ќе мора да бидат тестирани пред натпревар.

Судиите не може да седат во карантин, тие не се професионалци, туку си имаат друга редовна работа. Речиси сигурно е дека до крајот на сезонава ќе нема користење на ВАР-технологијата, бидејќи во собата каде што се гледаат повторените снимки, невозможно е да се држи социјална дистанца.

- Оглас -

Најнови вести