37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Како ќе се играат мечевите од ЛШ и ЛЕ? Шпанија ги забрани летовите од Италија

Шпанската влада објави дека поради опасноста за ширење на Коронавирусот, воведе забрана за авионски летови од Италија во периодот од 11 до 25 март. Оваа забрана единствено не важи за летовите наменети за итните медицински и хуманитарни цели.

Според тоа, забраната важи и за летовите со кои треба фудбалските екипи од Шпанија и Италија да играат во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа во следните 14 дена. Веќе в четврток треба да се играат првите мечеви од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Интер – Хетафе и Себилја – Рома. Ако се знае дека остануваат помалку од 48 часа до одигрувањето на овие мечеви, а летовите ќе бидат забранети, постои голема опасност да не може да се одиграат овие две средби од Лигата на Европа.

Со оваа одлука во неизвесност е и одигрувањето на реваншот меѓу Барселона и Наполи, дуел кој треба да се игра следната недела на „Камп ноу“. Веќе е одлучено средбата во каталонската престолнина да се игра без публика, одлука поради која каталонскиот гигант ќе остане без едно вистинско богатство.

„Се надевам дека играчите на Наполи ќе пристигнат во Барселона за да го одиграме реваншот. Сепак, има уште време и ќе видиме што ќе се случи“, рече претседателот на Барселона, Хосе Марија Бартомеу.

 

- Оглас -

Најнови вести