Барселона ќе загуби цело богатство само затоа што против Наполи ќе игра без публика

Барселона не е место кое е во црвена зона кога се работи за Коронавирусот, но сепак УЕФА одлучи дуелот меѓу каталонскиот гигант и Наполи во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите да биде без публика. Првиот меч во Неапол заврши 1:1, што значи дека на Барселона доволно е да одигра и без голови.

Ова ќе биде само втор меч во историјата на Барселона на „Камп ноу“ да игра без публика. Првиот дуел беше минатата сезона, на мечот против Лас Палмас играа без публика, и тоа поради забраната за доаѓање на навивачите поради референдумот во Каталонија.

Според пресметките, одлуката Барселона против Наполи да игра без публика ќе ѝ донесе и загуба на Барселона дури од шест милиони евра. Оваа сума пари требаше да биде добиена од продажбата на билети, но по одлуката да се затвори стадионот, каталонскиот гигант останува без значителна сума пари.

 

- Оглас -

Најнови вести