Како Меси стана „кралица“?

Новиот тренер на Барселона Кике Сетјен важи за еден од поинтелигентните тренери во Шпанија. Тој е единствениот стратег кој успеа да ја победи Барселона на „Камп Ноу“ и тоа со екипата на Бетис. Сетјен е познат како голем љубител на шахот, па многумина сега очекуваат фудбалскиот терен да го гледа како шаховско поле на кое главен ќе биде Лионел Меси.

„Шахот те учи на трпение, на анализа и да ги контролираш емоциите. Меси е кралицата во фудбалот. Тој може да направи сѐ“, вели Сетјен, кој не крие дека шахот го сакал повеќе од фудбалот.

За тоа колку Сетјен е шаховски фанатик зборува и фактот дека може да се пофали со мечеви против легендарните шаховски легенди Анатолиј Карпов и Гари Каспаров.

„Тоа беше едно неверојатно искуство во ерата кога бев фанатик за шахот. Дали сум успеал да победам некој од нив? Тоа се глупости, па тие победуваа и по 30 шахисти наеднаш“, вели Кике кој не крие дека е следбеник на легендарната филозофија на Јохан Кројф.

Засега не се знае дали Барселона со Кике Сетјен ќе игра со формација 4-3-3 или 4-4-2.

 

- Оглас -

Најнови вести