Како може поради ветер да се поништи гол? (Видео)

Нотингем Форест и Квинс Парк Ренџерс одиграа без голови 0:0 во меч од Чемпионшип. Домаќините пропуштија со победа да се искачат на третото место на табелата, а главен виновник за тоа е ветерот. Како може ветерот да биде главен виновник за тоа што домашниот тим не победи?

Уште во 12 минута, беше досуден корнер за Нотингем Форест, а ветерот создаваше проблеми да се изведе ударот од аголот. Домашниот играч на намести типката на линијата на корнер знаменцето, но во моментот кога го изведе корнерот, топката се помрдна и не беше на линијата.

Од изведениот корнер Нотингем даде гол и домаќините започнаа да се радуваат. Сепак, судијата забележа дека корнерот е изведен неправилно затоа што ветерот ја помрдна топката, па корнерот беше поништен, а до крајот на средбата немаше погодоци. Тоа знали деа КПР се спаси од пораз буквално благодарение на ветерот.

- Оглас -

Најнови вести