Како најголем фан: Ибрахимовиќ го чекаше Ѓоковиќ пред соблекувалната (Видео)

Новак Ѓоковиќ на најдобар можен начин ја заврши 2022 година, триумфирајќи на завршниот АТП Мастерс во Торино. По победата, Ѓоковиќ беше поздравен од многу навивачи, меѓу кои имаше и Македонци на трибините, а Ноле љубезно возврати „Фала Македонија“.

По заминување од теренот, Ѓоковиќ пред соблекувалната беше пречекан од Златан Ибрахимовиќ. Прославениот фудбалер трпеливо го чекаше тенисерот пред соблекувалната, а кога Ѓоковиќ се појави, Ибра веднаш извика „Каде си лаву“ и му честита за титулата. Ноле веднаш го прегрна фудбалерот и му возврати „Каде си брате“. Ибрахимовиќ потоа се фотографира со шампионскиот трофеј на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести