Како најскапиот дефанзивец во историјата сега е најопасен во нападот на Манчестер?

Манчестер јунајтед продолжува да тоне. Англискиот гигант загуби на гости кај Њукасл со 1:0 и веќе 11-ти меч по ред на гостински терен е без победа. Црвените ѓаволи моментно се на 12-тото место на табелата, а за првпат по 1989 година, во првите осум кола имаат две победи 3 ремија и три порази.

За тоа колку Манчестер беше јалов и безопасен на „Сент Џејмс парк“, покажува и фактот дека централниот дефанзивец Хари Мегваер беше играчот кој најмногу пати играл со топката во шеснаесетникот на Њукасл. Играчот кој беше платен 80 милиони евра за да ја зацврсти одбраната, против Њукасл имаше четири допири со топката во шеснаесетникот на домаќините, што е најмногу од сите играчи на гостите.

https://twitter.com/BBCMOTD/status/1180894383312424961

- Оглас -

Најнови вести