Африканскиот куп на нации започна синоќа и тоа со очекувана победа на домаќинот Брегот на слоновата коска во дуелот во Гвинеја Бисау. За денеска се закажани три средби, а според квотите на сите три има селекции кои се фаворити за победа.
Нигерија треба да тргне со триумф над Екваторска Гвинеја, Гана е фаворит против Зеленортски острови, а најлесно треба да помине Египет против Мозамбик. Египет, предводен од Мохамед Салах, важи за еден од главните фаворити за освојување на пехарот, а за многу африкански фудбалери е сон да играат против играч како Салах.
Тој сон денеска треба да му се исполни на 29-годишниот напаѓач на Мозамбик, Стенли Ратифо. Се работи за играч кој настапува во аматерскиот тим на Форзеима во петата лига на Германија.
Ратифо кој најчесто игра пред неколку стотина навивачи во германската ниска лига, доби повик да биде дел од селекцијата на Мозамбик и сега на мегдан ќе се појави проти Египет предводен од Салах.
„Тешко е со зборови да се опише. Божји благослов е самото тоа што имам шанса да бидам дел од Африканскиот куп на нации“, вели Ратифо, кој освен со актуелниот вицепрвак Еипет, во групата ќе игра и против Гана и Зеленортски острови.