Капитенот и прв стрелец во историјата на англиската репрезентација, Хари Кејн, има феноменална голгетерска сезона, и на македонскиот тим и селекторот Благоја Милевски нема да им биде лесно да смислат начин како да го неутрализираат еден од најопасните напаѓачи на светот.
Кејн кој летоска од Тотенхем се пресели во Баерн Минхен, сезонава има брутални бројки. На 16 меча за Баерн, има 21 гол и 7 асистенции, додека во дресот на репрезентацијата има четири гола и една асистенција на четири настапи.
Последен меч на кој играше Кејн, а не даде гол, беше на 8-ми октомври од Бундеслигата против Фрајбург.
Во јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер, кога Англија ја декласираше Македонија со дури 7-0, Кејн даде два гола. Задутре Англичаните ни гостуваат во Скопје, за нас подобро би било Кејн да остане цел меч на клупа, иако тоа е речиси невозможно доколку не е повреден.