НБА лигата до пред неколку часа успешно успеваше да се спротиставува со Коронавирусот, но и на тоа дојде крајот. Болеста поради која беше Светската здравствена организација прогласи пандемија го зема данокот и во најсилната лига во светот. Од денеска НБА-лигата е прекината и засега не се знае до кога ќе биде оваа мерка во сила.
Како причина за драстичната мерка за прекинување на првенството беше веста дека играчот на Јута џез, Руди Гобер, бил позитивен на тестот на опасниот вирус. Оваа лоша вест пристигна непосредно пред да започне дуелот во Оклахома меѓу домашниот тим и Јута џез.
Гобер не беше во арената, но фактот дека тој е дел од тимот на Јута и бил во постојан контакт со соиграчите беше доволно мечот воопшто да не започне. Наjпрво кошаркарите и публиката чудно гледаа зошто мечот не започнува, но откако стигна известувањето дека болеста која предизвика пандемија пристигна во НБА-лигата, целата сала за кратко време се испразни.