Коронавирусот пристигна и во НБА-лигата, првенството е прекинато!

Наместо планираните шест меча, ноќеска во НБА-лигата се одиграа само четири дуели. Натпреварите меѓу Оклахома – Јута и Сакраменто – Њу Орлеанс не се одиграа поради одлуката на челниците да биде прекинато натпреварувањето во најсилната кошаркарска лига во светот. Причината е јасна – Коронавирусот!

Како причина за оваа драстична мерка во НБА е потврдата дека играчот на Јута џез, Руди Гобер, бил позитивен на тестот за Коронавирусот. Првично беше најавено дека мечевите во таков случај би се играле без присуство на публика, но од НБА се одлучија на прекинување на сезоната.

„НБА објавува дека играч на Јута џез бил позитивен на тест за Коронавирусот. Резултатите од тестот пристигнаа непосредно пред почеток на дуелот Оклахома – Јута и затоа тој меч е одложен. Заразениот кошаркар не беше во салата. Поради новонастанатата ситуација со Коронавирусот, НБА се одлучи да ги одложи сите натпревари до неодредено време“, стои во соопштението од НБА.

До пред да дојде одложување на лигата, ноќеска беа одиграни четири меча во кои беа постигнати следните резултати: Филаделфија – Детроит 124:106, Аталанта – Њујорк 131:136, Мајами – Шарлот – 98:109 и Далас – Денвер 113:97.

- Оглас -

Најнови вести