Како се прави ракометна пируета? Оверби знае (Видео)

Петер Оверби беше еден од клучните ракометари во победата на Норвешка против Шведска во скандинавското дерби во Малме. Тој постигна три гола, а едниот од нив беше вистинско ремек-дело.

Во многу важен момент од мечот, во 52-рата минута пикерот на Норвешка беше одлично проигран од Сандер Сагосен и уште подобро се снајде.

Неговата ракометна пируета изгледа извонредно, а со голот што го постигна, Норвежаните поведоа со 22:18 и потоа успеаја докрај да ја задржат предноста и да победат со 23:20. Сега се на прагот на полуфинале и имаат максимален учинок на шампионатот и пет победи на пет меча, а голот на Оверби ќе конкурира за еден од најубавите на Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести