Јувентус многу рано, уште во втора минута поведе со 1-0 во дербито против Рома, а голот на Душан Влаховиќ беше прекрасен.
Влаховиќ даде гол од слободен удар, шутот го изведе со лева нога, и потсети на неговиот сонародник Синиша Михајловиќ, кој во кариерата даде многу убави голови од слободен удар.
Јуве од 2020 година немаше дадено гол од слободен удар, а таа црна серија е прекината на феноменален начин. Погледнете го голот на Влаховиќ: