Како загуби Реал Мадрид? Кралевите строго држеа дистанца од играчите на Шахтар (Фото)

Реал Мадрид се посрамоти против Шахтар и повторно загуби од украинскиот тим, вчера со 2:0 во Киев, и сега местото во нокаут-фазата во Лигата на шампионите не е сигурно за најтрофејниот европски клуб.

Се најавува смена на Зинедин Зидан, иако големиот ас најави дека нема да поднесе оставка, но има силни аргументи за негово заминување.

Акцијата од 56-тата минута, кога дури петмина играчи на Реал Мадрид беа речиси во линија на 3-4 метри еден од друг и не бранеа никого, ги открива сите слабости во играта на Кралскиот клуб и лошата тактика на Зидан.

Дел од шпанските медиуми објавија дека сериозно е загрозено местото на Зидан во Реал Мадрид, а и Флорентино Перес е сè понервозен.

Реал се посрамоти и против Алавес викендов, со пораз дома од 1:2, има три меча во серија без победа во Ла Лига, а капак на сè е поразот во Киев од Шахтар, со што си го загрози местото во осминафиналето во Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести