Како жонглираа фудбалските титани Пеле и Марадона: Еден ден ќе дојдам пак да играме таму на небото (Видео)

Двајцата големи фудбалски велемајстори Пеле и Марадона не се веќе меѓу живите, откако Аргентинецот почина во ноември 2020 година, а бразилскиот ас нè напушти денеска.

Постојано поради своите фудбалски достигнувања и големината се во најтесниот избор за најдобар фудбалер на сите времиња, но и покрај ривалитетот што го носи таквата ситуација, беа големи пријатели.

Особено интересна е видеоснимката како жонглираат со глава во телевизиско студио, а иницијатор беше помладиот Марадона.

„Секогаш сум сакал со тебе да играм фудбал. Сега ќе жонглираме“, рече Марадона.

Откако разбра за смртта на Марадона пред две години, Пеле жалеше за својот голем пријател и се потсети на убавите моменти и дружба со него.

„Еден ден се надевам дека пак ќе се дружиме и ќе жонглираме заедно таму на небото“, беа зборовите со кои Пеле се прости од Марадона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести