Каков борец – Му го поништија договорот, паузираше 32 месеца и успеа да се врати на теренот

Литванецот Лукас Спалвис е одличен пример за спортист што прегрме многу проблеми и тешки битки и успеа со челична волја по 32 месеци пауза да се врати на терен.

Денеска за првпат од август 2018 година се појави на тренинг на Кајзерслаутерн и најави дека наскоро ќе биде комплетно подготвен и за натпревари.

Репрезентативецот на Литванија со 18 настапи во националниот дрес имаше невидени малери во последните 3-4 години, а дури му беше и поништен договорот во Спортинг Лисабон.

Пристигна во Лисабон во 2016 година и се мачеше со повреди, па по позајмицата во Белененсеш, Спортинг одлучи да му го поништи договорот, токму кога кај Лавовите од Лисабон пристигна нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Спалвис потпиша со Кајзерслаутерн во мај 2018 година, откако една сезона играше за германскиот гигант, кој е во криза, но има славно минато.

И тука веднаш се повреди и од 26 август до денеска, кога се појави на тренинг со соиграчите од КФЦ, му минаа 32 месеци без фудбал.

Спалвис има 26 години и е напаѓач, веројатно нема да игра до крајот на сезоната за Кајзерслаутерн, но е оптимист дека комплетно ќе успее да се врати на терен од идната сезона.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести