Каков хаос е во Шпанија, може да испадне и тимот кој сега е на 14 позиција на табелата!

Сите 10 натпревари во последното коло од шпанската Примера дивисион се играат денеска. За разлика од порано кога било драматично околу шампионот и останатите места во горниот дел од табелата, сега е поинаку.

Речиси сѐ е познато во првите шест позиции, но затоа многу енигми има во долниот дел од табелата. Барселона веќе оддамна ја прослави титулата, а во Лигата на шампиони ќе играат и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.

Во Лигата на Европа сигурни се Вилјареал и Бетис, додека Осасуна и Жирона ќе ираат меѓусебе за местото од Конференциската лига на УЕФА.

ЌЕ СЕ СПАСИ ЛИ КЛУБОТ НА РОНАЛДО?

Во долниот дел од табелата, ситуацијата е многу покомплицирана. Јасно е дека Елче и Еспањол се испаднати, но за третиот клуб кој ќе оди во Сегунда дивисион ќе се води голема борба. Валјадолид е во најнезавидна ситуација затоа што има 39 бодови и е во зоната за испаѓање, но уште не се сигурни ниту Селта Виго 40 бодови, Алмерија 40, Валенсија 41, па дури и Хетафе кој е на 14 место, но има 41 бодови.

Токму Хетафе кој е на 14 место на табелата ќе гостува кај Валјадолид кој е најзагрозен. Ако Валјадолид победи, ќе стигне до 42 бодови и ќе го прескокне Хетафе, а тимот од мадридското предградие во тој случај ќе треба да ги следи резултатите од другите дуели.

Селта Виго која исто така е загрозена, дома игра против Барселона, Алмерија гостува кај испаднатиот Еспањол, а Валенсија игра на теренот на Бетис, кој е без многу мотиви за победа.

- Оглас -

Најнови вести