Каков меч во Рим, два гола во 90-та минута за седум погодоци и победа на Волчицата

Лоренцо Пелегрини е јунакот на Рома, откако со гол во 92-ра минута му донесе победа од 4-3 на својот тим против Специја. Гостите во 90-та минута изедначија на 3-3 и беа пред освојување на голем бод на „Олимпико“, но Волчицата успеа да победи и да го држи третото место, додуша со два меча повеќе од Наполи и Јувентус кои може да го симнат римскиот тим некое место подолу.

Два гола даде Борха Мајорал, сега Шпанецот има пет гола на четири старта за Рома, а погодок за Специја даде Роберто Пиколи, кој е роден во 2001 година и сезонава е најмлад играч во Серија А со два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести