Каков подарок си доби Суарес: Сврте на 2-1 и ја запечати титулата за Атлетико (видео)

Луис Суарес со својот 21-ви лигашки погодок сезонава му донесе водство од 2-1 на Атлетико на гостувањето кај Валјадолид, со што може да се отсвири крај на шампионската трка со Реал.

Јорганџиите со овој резултат дефинитивно ќе ја освојат титулата, откако за само 10 минути направија пресврт, а на голот на Суарес му претходеше израмнувањето во режија на Кореа во 57-та минута.

Еден од домашните фудбалери со погрешното додавање наназад му подари чист гол на Уругваецот, кој остана сам пред противничкиот гол и рутински ја затресе мрежата.

Голот на Суарес можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести