Каков шок во Ереван, Лихтенштајн освои бод против Ерменија!

Репрезентацијата на Лихтенштајн приреди шок, со освојувањето на бод на гостувањето кај Ерменија, играјќи 1-1 во Ереван. Ерменија со победа ќе избиеше привремено на првото место на табелата во групата во која е и Македонија, но после овој кикс, шансите на Ерменците за пласман на СП 2022 не се реални.

Хенрих Мхитарјан од пенал ја доведе Ерменија во водство во судиското продолжение од првото полувреме, но резервата Ноа Фрик кој влезе во игра уште во првото полувреме, даде гол за 1-1 во 80-та минута и гостите успеаја да го одбранат ремито.

За Лихтенштајн, ова е втор постигнат гол во квалификациите за Мундијалот во Катар, и прв освоен бод за нив после пауза од 10 месеци.

- Оглас -

Најнови вести