Каков шок за Аргентина, Саудијците играат како во транс и водат со 2-1! (Видео)

Саудиска Арабија направи чудесен пресврт во првите 10 минути од второто полувреме против Аргентина и сега води со 2-1, откако имаше негатива од 0-1.

Ал Шехри даде гол за 1-1 и покажа дека Аргентина е ранлива, Саудијците „намирисаа крв“ и запнаа да постигнат и втор гол, се растрчаа, нападнаа, а Ал Давсари даде убав гол за 2-1.

Гаучосите се во шок, на тест е нивната ментална сила. Имаат доволно време за победа, но противникот, кој беше голем аутсајдер, покажа дека знае да биде многу опасен ако му се дозволи да се размава.

- Оглас -

Најнови вести