20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Каков срам за Манчестер ј., елиминиран е од четвртолигаш во Лига Купот на Англија (Видео)

Нема крај на очајните игри и резултати на Манчестер јунајтед. Некогашниот англиски првак загуби на гостувањето кај Гримзби во второто коло од Лига купот и тоа по неверојатна драма во пенал-рулетот.

Гримзби започна одлично и по првото полувреме водеше со 2:0. Домаќините поведоа со голот во 22 минута и тоа беше најава за магичната ноќ за екипата која игра во четвртата лига во Англија.

Нов шок за Манчестер јунајтед се случи во 30 минута кога Гримзби поведе со 2:0.

Во второто полувреме Манчестер тргна многу поофанзивно и тоа се исплатеше. Мбеумо намали на 1:2, а во финишот на средбата Мегваер погоди за 2:2 во 89 минута, па победникот мораше да се решава во пенал рулетот.

По голема драма и дури 13 серии, односно вкупно 26 изведени пенали, Гримзби победи со 12:11.

 

- Оглас -

Најнови вести