Каков „талент“ има Манчестер – промаши празен гол од 5 метри (Видео)

Манчестер јунајтед со резервниот тим играше против Астана и загуби со 2:1, иако на полувремето англискиот гигант имаше предност. Дури шестмина играчи за прв пат заиграа во сениорскиот состав на Црвените ѓаволи. Еден од оние кои имаа играно и претходно е Чонг.

Тинејџерот од Холандија е како еден од талентите на Манчестер, но тоа што го направи на дуелот против Астана е за чудење. Во 54 минута, Чонг од само пет метри имаше чиста позиција и празен гол, но наместо да погоди, шутираше непрецизно и не зголеми на 2:0.

Само 38 секунди по ова катастрофално промашување, Астана даде гол за 1:1 и домаќините го најавија пресвртот против англискиот гигант.

https://twitter.com/i/status/1200097600847806465

 

- Оглас -

Најнови вести