Каков циркус – Им се заблагодарија што го спасија клубот, спасителите немаат поим дека учествувале во мисијата

Голем циркус се случија на реалција Белгија – Португалија, а во фокусот се белгискиот второлигаш Роселаре и Спортинг Лисабон.

Роселаре објави јавна благодарница за Лавовите од Лисабон што помогнале да се спаси клубот од Белгија од пропаѓање, но веднаш потоа стаса демант од Спортинг.

„Имаме три нови инвеститори, меѓу нив и топ клуб од елитен ранг во Португалија. Му благодариме на Спортинг за помошта“, објавија од Роселаре.

Клубот го смени името во КСВР 2.0 и сепак ќе мора да игра во понизок ранг, но не згасна комплетно по големите финансиски проблеми.

Од Спортинг се изненадени со објавата на белгискиот клуб и возвратија дека информацијата дека парично му помогнале на Роселаре е лажна.

„Единствено што е точно е дека им го позајмивме Марко Тулио. Тоа е единствената наша релација со Роселаре“, возврати клубот за кој игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести