Каков волшебник е Кампацо – Со 19 асистенции ја збуни одбраната на Алба

Факундо Кампацо одигра волшебен меч за Реал Мадрид и со 19 асистенции ја збуни одбраната на Алба во Берлин. Кралскиот клуб во многу интересен меч победи со 103:97, а Кампацо го израмни рекордот на Јовиќ од 2015 година, кога играчот на Црвена ѕвезда постави висок праг со 19 асистенции.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1225500853970358276?s=20

Аргентинецот постигна и 10 поени, а пред сè умешно ги разигруваше Ентони Рендолф и Џејси Керол, кои постигнаа по 27 поени за гостите.

Реал водеше со 41:25 по првиот период, но потоа одигра катастрофално и ја загуби втората четвртина со 9:35, па имаше 10 поени негатива на полувремето. Сепак, во третиот период најтрофејниот европски клуб одигра одлично и направи пресврт што го потврди со победа од 103:97.

 

- Оглас -

Најнови вести