Каква драма: Три пенали во 90 минута, црвен за голманот, одбрани и играчот (Видео)

Неверојатна ситуација се случи во мечот од третата турска лига меѓу Утас Усакспор и Ергене. Домаќините имаа водство од 2:0, а судијата покажа пенал за гостите во 90-тата минута. Тогаш почнува драмата. Голманот на Усакспор, Ерсин Ајдин,  успеа да го одбрани пеналот, но судијата реши да го повтори ударот од белата точка, а голманот доби жолт картон затоа што порано ја напуштил гол-линијата.

При вториот шут на пеналот, голманот повторно одбрани, но судиите повторно стапија на сцена. Поради повторно излегување од гол -линијата, чуварот на мрежата доби и втор жолт картон и беше исклучен. Мораше да се шутира и трет пенал, а овојпат на голот застана еден од домашните играчи.

И третиот обид на гостите да погодат беше неуспешен, односно овојпат играчот-голман успеа да го одбрани пеналот, па на крајот остана 2:0 за домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести