Каква фешта би било да има еден ваков дуел: Се заговара за Олстар фудбалски меч

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели, има интересен предлог кој ги разгоре страстите во англискиот фудбал. Американскиот бизнисмен смета дека една фудбалска лига како Премиер лигата едноставно мора да има Олстар-натпревар. Тој Олстар-дуел би бил по примерот како спортовите во САД, каде што во два тима се соединуваат најдобрите играчи.

„Зошто не постои Олстар-меч? Се надевам дека Премиер лигата ќе научи нешто од американските спортови и ќе рзмисли за оваа опција. Луѓето зборуваат за некои пари, а МЛБ за 24 часа добива 200 милиони долари за Олстар-средбата. Верувам дека би била добра идеја да играат Северот против Југот“, вели газдата на Челзи, Боели.

Американските медиуми веќе ја продолжија оваа идеја на Боели, па пишуваат за можни Олстар-натпревари на најдобрите европски лиги.

„Плановите за Олстар-мечеви се живи. Најдобрите од Премиер лигата може да се сретнат со најдобрите од Бундеслигата, Примера дивисион или некоја од останатите врвни лиги“, пишува весникот Тајмс.

Во САД постојат Олстар-мечеви во НБА, НФЛ, НХЛ, МЛБ, како и МСЛ-шампионатите.

- Оглас -

Најнови вести