Новата позиција на Роналдињо е доста иронична. Владата на Бразил го назначи за нов амбасадор за туризам, иако легендата на Барселона не смее да ја напушти државата бидејќи му се одземени и бразилскиот и шпанскиот пасош.
Ова е еден од начините на кои Роналдињо се обидува да ѝ се оддолжи на државата, иако доби неколку милионска казна поради неплатени комуналии за изградба на објект во Порто Алегре. Роналдињо своеволно ја прифатил позицијата на амбасадор, сметајќи дека туризмот е важен за Бразил и треба да се промовира на најдобар можен начин.
Несомнено, со својата популарност Роналдињо може да придонесе за туризмот во државата, иако не смее да ги напушти границите на Бразил.
https://twitter.com/alberineto/status/1169718134334459906