Роналдињо не смее да го напушти Бразил

Роналдињо Гаучо се соочува со нови проблеми околу неплатени долгови кон Бразил, по што Судот му ги одзеде бразилскиот и шпанскиот пасош. Поранешната фудбалска ѕвезда не смее да ја напушти државата додека не ги подмири долговите со данокот, а пресметано е дека треба да плати околу два милиони евра.

Државата му го конфискуваше целиот имот, вкупно 57 градби, а воедно е гонет поради што без дозвола градел куќа покрај езеро во Порто Алегре. Доколку не го реши проблемот, на Роналдињо му се заканува затворска казна.

Во меѓувреме тој поднел жалба да му биде вратен шпанскиот пасош, со цел да може без пречки да ги извршува обврските со спонзорите.

- Оглас -

Најнови вести