Унион Берлин го растури Мајнц со 4-0 во првиот меч од третото коло во германскиот фудбалски шампионат, а средбата ја одбележа искусниот Макс Крузе, кој првпат беше стартер за Унион и даде гол. Крузе во минатата сезона играше за Фенербахче, но се врати во Германија и покажа дека е засилување за берлинци.
Крузе кој има 32 години, сега може да се пофали дека давал голови за шест различни клубови во Бундеслигата. Рекордер во историјата е Михаел Шпис, кој погодуваше за седум различни клубови.
Мајнц во првите три кола сезонава прими 11 гола и ако денот се познава по утрото, не им бега испаѓање, секако доколку продолжат во ваков ритам на примање голови, барем три на секој меч.