Каква легенда – Рускиот цар брани од 4 години, знае само за еден тим и денеска со него го продолжи договорот

Игор Акинфеев повторно ја потврди верноста кон ЦСКА Москва што е вистинска реткост и по 20-години минати во рускиот гигант ќе продолжи да брани за нив најмалку до 2024 година.

Акинфеев знае само за еден клуб, а тоа е гигантот ЦСКА, за кој дебитираше на 16-годишна возраст, а сега веќе има 36 години.

Одлучи да го продолжи договорот со популарните Армејци до сезоната 2023/24, а зад себе има многу рекорди.

https://twitter.com/pfc_cska/status/1527615822176321536?s=20&t=Y6zVkgq3foLPGTXsQ-Nltg

Тој е голманот во Русија со најдолга минутажа без примен гол, има над 700 меча на голот на ЦСКА Москва што е рекорд, а со 111 настапи за руската репрезентација е втор зад Сергеј Игнашевич.

Вели дека почнал да брани на четиригодишна возраст, а нема намера да се пензионира и објави дека на голот на ЦСКА сака да ја почне и петтата деценија од животот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести