-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Каква победа на Ѓорческа на Отвореното првенство на Австралија, ја растури четвртата носителка во квалификациите

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го помина првото квалификациско коло на Отвореното првенство на Австралија, и тоа со победа над четвртата носителка во квалификациите, Австријката Сиња Краус (108-ма на ВТА).

Лина првиот сет го доби со 7-5, а во вториот доминираше против немоќната Краус и славеше со чисти 6-0.

Во второто коло, Ѓорческа ќе се сретне со Словенката Тамара Зиданшек, која е 158-ма на ВТА-листата. Ако ја мине и Словенката, Лина ќе го повтори успехот од 2017 година, кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир. Сега повторно е на две победи од историски пласман на главниот турнир во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести